(Видео) Познат американски јутјубер им помогна на 1.000 глуви луѓе да слушнат за првпат

Американскиот јутјубер Џими Доналдсон со помош на слушни помагала им помогна на 1000 глуви луѓе да слушнат за првпат. Неодамна го најави новото видео, за кое рече дека ќе биде најдобро досега. Му требале повеќе од шест месеци да го измонтираат, а на моменти го совладале емоциите и го снимиле како плаче.

Со неговиот тим потрошиле три милиони долари за слушните помагала кои се најнова технологија.

Даналдсон кој е познат по неговите добротворни акции во моментов има најголем број претплатници на неговиот канал „MrBeast“. За потсетување, пред неколку месеци им помогна и на 1.000 слепи луѓе да прогледаат.

Scroll to Top