(Видео) Претседателот Мирослав Додик косеше трева на автопат

Претседателот на република Српска, Мирослав Додик е снимен како коси трева на автопат кај Бања Лука. Рече дека сакал да ги потсети градските власти дека треба да си ја работат работата.

„Веќе контактирав со надлежните за уредување на просторов. Побарав да се уреди, исчисти и искоси. Но, бидејќи уживаат во одморот, решив сам да се позанимавам со оваа работа. Но, ова е последен пат како им ја вршам работата“, рече Додик.

Scroll to Top