(Видео) Тамара Грујеска со песна на Димитров и Билбилов ќе ја претставува Македонија на „Детска Евровизија“

Тамара Грујеска ќе ја претставува Македонија на 21. издание на детската Евровизија, кое ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција.

Вчера беше промовиран видеозаписот за нејзината евровизиска песна, со наслов „Кажи ми, кажи ми кој“.

Песната е дело на веќе докажани музичари од кај нас – текстот го напишаа Роберт Билбилов и Коста Петров, а за музиката се погрижија Билбилов и Дарко Димитров. Ова трио работеше и на евровизиската песна на Тамара Тодевска, „Proud“, со која таа го освои најголемиот пласман на Македонија на Евровизија – 7. место во финалната вечер.

Франција е годинашната земја-домаќин на детската Евровизија, по минатогодишната победа на Лисандро, чија песна „Oh maman!“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 16 земји-учеснички.

 

Scroll to Top