(Видео) Вработен во „Дизниленд“ не дозволи дечко да си ја побара девојката за жена

Маж решил да ја запроси девојката во Дизниленд, но моментот го уништил еден од вработените во забавниот парк. На видеото што се споделува на социјалните мрежи, дечкото клекнува на крената платформа пред замокот на „Заспаната убавица“ и вади прстен кога во еден момент го прекинува вработен од паркот, кој му ја грабна кутијата со прстенот и го избрка.

„Вработениот го уништи моментот на запросување на мојот најдобар пријател. Тој претходно побара дозвола“, пишува на видеото.

Откако му го зеде прстенот од раката и го избрка, вработениот во Дизниленд ја тргна и двојката од платформата и слезе со нив до металната врата, па им кажал дека тоа место ќе биде подобро за нивниот свечен момент. На видеото може да се слушнат коментари за неодобрување за неговиот потег од случајните минувачи.


Scroll to Top