Во Атина отворен музеј посветен на Марија Калас

Предмети кои и припаѓале на легендарниот грчки сопран Марија Калас од денес се сместени во нов музеј посветен токму на неа.

Прамен од коса, сино-кадифениот фустан кој го носела за незаборавната изведба на Травијатата во миланската Скала во 1995 се дел од работите на Калас кои се наоѓаат во музејот во Атина, за да се одбележи еден век од раѓањето на Калас.

Сместен во трикатна неокласична зграда во срцето на Атина, тој содржи голем број предмети кои се донирани или позајмени од други музеи, како диоптриските очила на Калас, костими од бројните настапи и тетратката во која запишувала делови од своите улоги. На вториот кат од зградата посетителите можат да слушнат дел од најзначајните изведби на Калас, но и да ја чујат како предава на Џулијард во Њујорк во 1971/72.

„Секој предмет придонесува за создавање сеопфатна слика за оваа неверојатна жена. Марија Калас е едно од најпознатите имиња на светот, таа е жена која стана легенда“, изјави директорот на музејот „Марија Калас“, Костис Бицанис.

Калас е родена на 2 декември 1923 во Њујорк од грчки родители, а почина од срцев удар во 1977.

Scroll to Top