Во Златибор се наоѓа единственото панорамско тркало на просторите од бивша Југославија. Високо е 35 метри и се состои од 24 кабини кои нудат фантастичен поглед на оваа планинска убавина.
Жељко Николиќ, кој е одговорен за одржување и надзор на панорамското тркало, вели дека по Нова година ќе имаат шест до седум нови објекти во рамките на паркот во Златибор.
Оваа туристичка атракција е единствена во цела бивша Југославија и во голема мера придонесува за богатата туристичка понуда на Златибор, која и оваа сезона ги сруши сите рекорди на посетеност.
Туристите од Србија и странство при посетата на Златибор одлучуваат да се возат на уникатното тркало, пред сè поради погледот на сите природни убавини што ги нуди оваа туристичка дестинација.