Жарко Пејановиќ победи во натпревар во лежење, кој традиционално веќе 12 година се одржува во Црна Гора. Натпреварот се одржа во селото Црна Гора, недалеку од Никшиќ.
Жарко издржал да лежи 60 часа и на крај освои 350 евра и бесплатен викенд во етно селото вклучувајќи и ручек за двајца во ресторан во Подгорица.
„Не ми беше тешко да победам. Не се ни загреав. Најзабавно ми беше кога дојде и друштвото да ме поддржии. Најголемата грешка е кога ќе ти дојде некој од семејство. Тогаш е тешко, а да не станете“, рече Жарко по победата.