Срамен настап на Џастин Бибер на Кочаела – Наплати 10 милиони долари, а пушташе музика од лаптоп

Поп-ѕвездата Џастин Бибер повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат поради контроверзен настап на фестивалот Коачела 2026, кој предизвика бурни реакции ширум светот.
Според информациите, Бибер добил околу 10 милиони долари за својот настап, што го прави еден од најплатените изведувачи на фестивалот.

Но наместо спектакл каков што публиката очекуваше, тој приреди нешто сосема поинакво. Голем дел од настапот поминал во минималистички стил – Бибер седел на сцена со лаптоп и пуштал свои стари песни преку YouTube, додека истовремено пеел или импровизирал.

Во текот на шоуто, тој се навраќал на своите почетоци, прикажувајќи стари видеа и хитови како „Baby“ и „Never Say Never“, со што настапот добил носталгичен карактер.

Сепак, ваквиот пристап ја подели јавноста. Дел од фановите го оценија настапот како „уникатен“ и емотивен, нагласувајќи дека Бибер се поврзал со своето минато и публиката. Други, пак, го критикуваа како „мрзлив“ и недостоен за сума од 10 милиони долари, очекувајќи далеку поголема продукција и енергија.

Настапот беше дополнет и со гостувања на други артисти и делови од неговите нови албуми, но токму користењето на лаптоп и YouTube остана главната тема на дискусија.

И покрај поделбите, едно е сигурно – Бибер повторно успеа да го привлече вниманието на целиот свет, покажувајќи дека и со минимален пристап може да создаде глобална медиумска бура.

Scroll to Top