Најскапата свадбена торта која некогаш е направена

Луѓето кои имале среќа да ја посетат свадбената изложба во Дубаи, имале можност и да ја пробаат тортата-невеста која чини милион долари. Деби Вингам, креаторката на тортата, е позната како најскапата дизајнерка во светот, затоа што создава ремек-дела кои чинат по 50 милиони долари.

Вака изгледа „невеста“ од милион долари! Таа е висока 182 центиметри и тежи 120 килограми.

За оваа торта биле искористени 1.000 јајца и 20 килограми чоколадо .Целата торта се јаде и е покриена со 50 килограми украсни бонбони. Секој детаљ содржи ситни цвеќиња и бисери кои се рачно изработени. Биле искористени 5.000 цвеќиња и биле потребни 10 дена за да се украсат.

Scroll to Top