Александар Васоски е нов тренер на Академија Пандев

Поранешниот тренер на „Вардар“, Александар Васоски, денеска потпиша за тимот на Академија Пандев. Тој денес пристигна во Струмица каде го потпиша договорот со македонскиот прволигаш.

Васовски доаѓа на местото на Југослав Тренчовски. Тој клубот ќе го води до 2022 година, а со него стигна и асистентот Раденко Бојовиќ. Со Васоски во клубот, се очекува да стигнат и неколку нови имиња.

Како нови засилувања во тимот, се очекува да стигнат голманот Марко Јовановски и хрватскиот репрезентативец Марко Мартинага.

Извор/макфудбал

 

Scroll to Top