ЕХФ го одложи натпреварот Вардар – ПСЖ

Откако уште десетина ракометари на Вардар се позитивни на корона, ЕХФ го одложи натпреварот од Лигата на шампиони меѓу Вардар 1961 и ПСЖ, што требаше да се игра на 10 декември во Скопје. Оттаму велат дека наскоро ќе се одреди новиот термин кога ќе се одигра овој натпревар.

„Во нашата екипа се појавија новозаразени членови за што веднаш ја известивме ЕХФ и клубот со кого требаше да играме. Одлучено е средбата да се одложи и да се закаже во друг термин“, соопштија од „Вардар 1961“.

Од клубот не го откриваат имињата на заразените играчи, но велат дека станува збор за нови 11 ракометари и еден член на медицинскиот тим.

Scroll to Top