Фернандо Алонсо удрен од автомобил додека возел велосипед

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо, доживеа сообраќајка во Швајцарија додека возел велосипед. Тој бил префрлен во болница, откако во него удрил автомобил, објавија од неговиот тим, Алпине Ф1.

Според италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“, Алонсо тренирал во близината на Лугано кога во него удрил автомобил. Некои од тамошните медиуми шпекулираат дека заработил скршеници, но, сепак, повредите не се посериозни.

39-годишниот Алонсо се враќа во Формула 1 по две сезони тркање во други категории, и тоа со Алпине Ф1, поранешниот тим на Рено, со кој ги освои титулите во 2005 и 2006 година. Тој од наредната сезона во Рено ќе го замени Даниеле Рикардо, кој ќе се пресели во Мекларен.

Алонсо последен пат беше во болид на крајот на декември, кога го возеше болидот на Рено до 2018 година, и се враќа во спортот 20 години откако дебитираше со Минарди во 2001, по што оствари 32 ГП победи и 97 подиуми со Рено, Мекларен и Ферари.

Светското првенство во Формула 1 би требало да почне во Бахреин на 28 март.

Scroll to Top