(Фото) Пеле тврди дека има дадено повеќе од 1.000 гола, не сака да признае дека Роналдо му го соборил рекордот

Бразилската фудбалска легенда Пеле не сака да се помири со тоа дека Кристијано Роналдо му го собори рекордот. Тој сега тврди дека има постигнато повеќе од 1.000 погодоци.

На мечот против Удинезе, Португалецот постигна два гола и го престигна Пеле по бројот на постигнати погодоци во кариерата.

Асот на Јувентус дојде до бројка од 758 погодоци, што е за еден гол повеќе од Пеле. Сега некои податоци говорат дека Пеле во кариерата постигнал повеќе од 1.000 гола. а тоа го тврди и самиот тој.

Пеле одлучил да им одговори на Роналдо и на медиумите по објавата дека неговиот рекорд е соборен. Пеле ја изменил својата биографија на официјалниот инстаграм-профил. Напишал дека тој е најдобар стрелец на сите времиња со вкупно 1.283 постигнати погодоци.

 

Scroll to Top