Поранешниот фудбалер на германскиот тим Шалке, Хианик Камба, ја лажирал својата смрт за да извлече пари од осигурителните компании, пренесува германски „Билд“. Фудбалерот на Конго, пред четири години доживеал сообраќајка, по која сите мислеле дека е мртов. Четири години подоцна, новинарите на „Билд“, го откриле жив.
Тој бил виден во германската област Рур, каде работел како хемичар на своето старо работно место. Камба на колегите им раскажал дека ја лажирал својата смрт. Измамата ја откриле од „Билд“, кој јавуваат дека Камба оживеал кога неговата на сметката на неговата вдовица ѝ легнале пари од полисата за осигурување.
Камба се осигурал, во случај на смрт од сообраќајка, на сметката на неговата сопруга да легнат 600.000 евра. Во официјалните податоци за поранешниот фудбалер, е наведено дека тој загинал на мотор. Камба фудбалската кариера ја очнал во тимот на јуниори на „Шалке 04“, а соиграч му беше еден од најдобрите голмани Мануел Нојер.
На „Билд“ и на другите истражни служби им било потешко да ја истражуваат неговата смрт, затоа што таа се случила во Конго, па веројатно голем дел од неговото семејство и пријатели учествувале во затсткривувањето на оваа измама. Околностите биле такви што во Конго е потешко да се истражи несреќата, за разлика од Германија.
Вдовицата на Камба успеала да добие од властите во Конго, посмртница, кои им ја предала на надлежните во Германија и да ги извести за погребот. Камба беше извонреден фудбалер и играше одличен фудбал по десната страна на теренот, но неговата пасија му била хемијата. Фудбалот го играл како хоби, во аматерските години.
Во јануари 2016 година тој беше прогласен за мртов, а во април 2020 година бил виден жив. Сега со Камба ќе се занимава германската полиција, обвинителство и на крајот веројатно затворскиот систем.