Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65. место на листата на ФИФА

Македонскаа фудбалска репрезентација ја задржа 65. позиција на најновата ранг листа на ФИФА. Во последните три месеци, македонските фудбалери немаа ниеден официјален настап, како и повеќето светски репрезентации, па поради тоа нема промени на ранг листата на ФИФА.

Македонија остана на 65. место со 1.362 бода. Во март фудбалерите ќе ги почнат квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар што ќе се игра идната година.

Македонија квалификациите за СП 2022 година ќе ги започне на 25 март на гости против Романија, на 28 март игра против Лихтенштајн, а на 31 март е натпреварот против Германија. Германија е најдобро рангиран противник во квалификациите на 13. место, а Романија е на 37 место.

 

Scroll to Top