Голманите го избраа Џиџи Буфон за најдобар голман на сите времиња

Голмините од Европа го избраа Џанлуиџи Буфон за најголемиот голман на сите времиња. Во жирито учествуваа неговите ривали, вклучувајќи голмани како Мануел Ноер, Жулио Цезар и Петер Шмајхел.

Во анкетата на „Ла газета дело спорт“ учествуваа 18 голмани од 18 земји и гласаа за најдобриот голман на сите времиња. Со седум гласа Буфон го освои првото место, пред Лав Јашин со пет гласа и Дино Ѕоф со два гласа. По еден глас добија Гордон Бенкс, Икер Касилјас, Сеп Маер, Ладислао Мазуркиевич, Рожерио Сени, Клаудио Тафарел и Петер Шмајхел постариот.

„Џиџи е неверојатен и секогаш бил пример за мене, не само на теренот со своите феноменални рефлекси, туку и со однесувањето надвор од фудбалскиот терен“, изјави Ноер, кој ги постави Буфон и Јашин како „еднакви“.

Рускиот голман Вјачеслав Малафеев, го избра Буфон пред својот сонародник Јашин.

„Џиџи е супериорен на 42 години и не застанува. Тој е безвременска икона на фудбалот, каква што претходно се наоѓаше само во светот на филмовите или музиката“, вели Малафеев.

Scroll to Top