Хамилтон ја освои седмата шампионска титула во Ф1

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Турција и ја освои седмата светска титула во Ф1. Со ова, тој го изедначи рекордот на Михаел Шумахер, за кој многумина мислеа дека е недостижен. Хамилтон ја освои титулата на три трки пред крајот на сезоната.

Британецот стигна до 10. победа оваа сезона на патеката „Истанбул парк“. Ова му беше 94. победа во кариерата. Пред последните три трки, Хамилтон има 110 поени повеќе од најголем конкурент за титулата, Валтери Ботас.

На крајот, најблиску до Хамилтон беше Серхио Перез од Рејсинг Поинт, кој заостана повеќе од половина минута, додека возачот на Ферари, Себастијан Фетел се искачи на третото место на подиумот.

 

Scroll to Top