Популарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ откри детали од неговата прва средба со поранешниот директор на Милан, Адијан Галијани. Галијани, кој пристигнал во домот на Ибрахимовиќ за да го убеди да дојде во тимот на „росоњерите“, им рекол дека нема намера да си замине.
„Ми се допаѓа Галијани. Тој е спортски директор и се однесува така како што треба. Се сеќавам кога првпат ме донесе во Милан. Дојде прво кај мене во Шведска и ми кажа дека не се враќа назад, ако не дојдам со него. Мојата жена мислеше дека е луд“, изјавил Ибрахимовиќ.
Галијани е сега директор на третолигашниот тим Монца. Откако слушнал дека Ибрахимовиќ повеќе не сака да остане во Милан, тој го повикал одличниот напаѓач да дојде во неговиот клуб.
„Галијани ме повика и ми порача дека мојот стар Милан сега е на 11 километри оддалечен од Милано“, открива Ибрахимовиќ.
Тандемот Адријано Галијани и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони сега имаат нов проект. Тој се нарекува Монца. Некогаш заедно го водеа големиот Милан, а сега имаат нова задача. Тие се подготвени клубот од Серија Ц, Монца, во наредните години да го доведат до самиот врв во италијанскиот фудбал.
„Ѝ овозможиме на Монца да расте многу брзо. Претседателот Берлускони тоа веќе го најави. Ќе се обидеме да го донесеме тимот во Серија А. Тоа е цел што ја постави Берлускони“, изјавил неодамна Галијани.