Тринити, ќерката на легендарниот НБА-играч, Денис Родман, на 18 години стана професионална фудбалерка. Таа беше избрана како втор пик на драфтот во Националната женска фудбалска лига и ќе игра за тимот на „Вашингтон спирит“.
„Ова отсекогаш беше мој сон. Играм фудбал од мојата четврта година“, изјави таа.
Родман е најмладата фудбалерка што досега била избрана на драфтот и веќе дебитира за младата репрезентација на САД. Нејзиниот брат Ди Џеј, исто како Денис, игра колеџ-кошарка.
Денис Родман (59) освои две НБА-титули со „Детроит Пистонс“ пред да стане дел од легендарниот тим на „Чикаго Булс“, со кого беше шампион трипати по ред од 1996 до 1998 година.
With the 2nd overall pick in the 2021 NWSL Draft, we have selected Trinity Rodman from @WSUCougarSoccer. pic.twitter.com/OO3yzQwJ99
— Washington Spirit (@WashSpirit) January 14, 2021