Крушево летово ќе биде домаќин на Светското првенство во змејарство

Од 18 до 31 јули во Крушево ќе се одржи Светското првенство во змејарство. Оваа е прва меѓународна манифестација која ќе се одржи по една година одложувања поради пандемијата.

Организаторите очекуваат околу 140 учесници од репрезентации од целиот свет. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, меѓународните првенства во змејарство и параглајдерство се одличниа можност во градот да дојдат и туристи од целиот свет.

„Ова лето натпреварите во змејарство и параглајдинг се враќаат во Крушево. Ги правиме последните подготовки и очекуваме овие меѓународни натпревари да донесат уште повеќе туристи“, вели Христоски.

Крушево претходно го организираше Европското првенство во змејарство во 2018 година.

Scroll to Top