Луис Хамилтон го надмина Шумахер, постави нов светски рекорд во Формула 1

Британскиот возачот на Формула 1, Луис Хамилтон се запиша во историјата на овој спорт како како прв кој остварил 92 победи во светскиот шампионат. Возачот на Мерцедес победи на денешното Гран при во Португалија и го надмина рекордот на легендарниот Михаел Шумахер, кој во својата кариера имаше 91 победа.

На победничкиот подиум на патеката „Алгарве“ се најдоа и возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, и Макс Верстапен од Ред Бул.

Во првите десет место обезбедија уште и Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алфа Таури), Карлос Сајнц (Мекларен), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Естебан Окон (Рено Спорт), Даниел Рикиардо (Рено Спорт) Себастијан Фетел (Ферари).

Во генералниот пласман Хамилтон е убедлив на првото место со 256 бода, пред Ботас кој има 179 бода, а трет е Верстапен со 162 бода.

Scroll to Top