Македонија загуби од Египет во вториот натпревар на СП

Македонската ракометна репрезентација загуби од домаќинот Египет во вториот натпревар на СП, со резултат 38:19. На полувремето Египет водеше 20:6, па селекторот Брестовац им даде шанса и на помладите ракометари до крајот на натпреварот. Во второто полувреме не играа Лазаров и Стоилов.

Кире Лазаров, Никола Марковски и Жарко Пешевски со по три гола беа најефикасни во македонската селекција, а кај Египет најдобар беше Мамдух Шебиб кој постигна 8 гола.

Последниот натпревар во групата Македонија ќе го игра во понеделник, против репрезентацијата на Чиле.

Scroll to Top