Македонија загуби од Словенија на СП во Египет

Репрезентацијата на Македонија загуби од Словенија со 31:21 во првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство во ракомет. По поразот, Македонија ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето на Мундијалот.

Во првиот дел од натпреварот двете екипи играа изедначено, а македонските ракометари неколку пати водеа. Потоа девет минути не дадоа гол и на полувремето губеа со пет гола, 14-9.

Најефикасен во македонскиот тим беше капитенот Кире Лазаров со пет гола, а кај Словенија Гајиќ со седум голови. Селекторот Брестовац на овој натпревар првпат му даде шанса на Серафимов, кој во неговиот дебитантски натпревар на светските првенства даде два гола.

Следниот натпревар Македонија го игра во петок против Русија, од 15:30 часот.

Scroll to Top