Фудбалерите на Манчестер сити по синоќешната победа над ПСЖ, се пласираа во финалето на Лига на шампиони и се запишаа во историјата на најквалитетното европско фудбалско натпреварување.
„Граѓаните“ станаа првата екипа од Англија која успеала да победи на седум меча во серија во ова натпреварување, без разлика дали е тоа Лига на шампиони или Купот на шампионите.
Сити има 11 победи досега во сезонава во Лига на Шампиони, или најмногу победи досега за една англиска екипа во ова натпреварување. Скорот може да го подобри ако победи во финалето
Манчестер Сити е деветата англиска екипа која се нашла во големото финале, следуваат Германија и Италија со по шест екипи финалисти.
Потоа само пет европски градови имале барем по двајца претставници во финалето на натпреварувањето. Тоа се Мадрид, Милано, Белград, Лондон и Манчестер, чиј друг тим Јунајтед, три пати беше европски шампион.
Реал и Атлетико се тимовите од шпанската престолнина кои играле во финалето, Интер и Милан се претставниците од Милано, а Партизан и Црвена ѕвезда се претставници од поранешната Југославија, а денес Србија.
Во 2008 година на оваа листа се запиша и Лондон, затоа што по Арсенал, во финалето на ова натпреварување играа и фудбалерите на Челзи. Откако Тотенхем во 2019 година стигна до големото финале, Лондон стана единствениот град со три претставници, кои успеале да стигнат до самата завршница.