Меси постави четири нови рекорди во Лигата на шампиони

By

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси вчера постави нов рекорд во Лигата на шампионите. На отворањето на новата сезона, на дуелот со Ференцварош (5:1), аргентинскиот фудбалер урна дури четири.

Меси првиот гол го постигна од слободен удар и со тоа 16 последовни сезони се запиша во листата на стрелците во Лигата на шампионите. Со тоа се изедначи со легендата на Манчестер јунајтед, Рајанг Гигс.

Ова беше вкупно 115. гол на Меси во ЛШ, но дури 69. во групната фаза од елитното европско клупско натпреварување. Тоа е третиот рекорд на Меси што го постави вчера.

Ференцварош е 36. различна екипа на која Меси ѝ даде гол во Лигата на шампионите. Исто така тој стигна и до уште еден рекорд, како најефикасен капитен во историјата на ова натпреварување.

Ќе ви се допадне