Од опасниот вирус почина тренерот на шпанскиот клуб Атлетико Портада Алта од Малага, Франсиско Гарсија.
Гарсија имаше само 21 година, а почина неколку часа откако клубот соопшти дека неговата состојба е стабилна. Тој работеше како тренер на младиот тим на нисколигашот Атлетико Партада Алта, кога поради симптоми на коронавирус беше испратен на тестирање.
Покрај што бил позитивен на коронавирус, Гарсија боледувал и од леукемија. Токму таа комбинација на болести се покажала како смртоносна за младиот тренер. Коронавирусот погоди голем број спортисти и фудбалски ѕвезди низ целиот свет.