Пет фудбалери до 21 година позитивни на корона, Македонија ослабена против Црна Гора

Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе настапи ослабена на последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, откако селекторот Благоја Милевски откри дека пет фудбалери се позитивни на корона.

„Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љавдрим Фазлиу се фудбалерите кои ќе недостасуваат против Црна Гора. Принудени сме на големи промени, повикавме нови фудбалери и ќе направиме сè што е во наша можност да одиграме квалитетно на последниот натпревар. Иако, промените се принудни и дојдоа на некој начин шокантно за сите нас, сепак, ние сме репрезентација која е подготвена да се носи со сите работи. Посакувам здравје, во овој момент тоа е најважно. Јас можам да ветам дека и со овие фудбалери ќе одиграме максимално, а ќе видиме што тоа ќе донесе на резултатски план“, изјави селекторот Милевски.

По девет одиграни кола, Македонија е на второто место во групата со 15 бодови, а Црна Гора освои само седум бода досега. На натпреварот што се играше лани во Подгорица, Македонија победи со 2:1.

Натпреварот Македонија – Црна Гора ќе се игра на 17 ноември.

Scroll to Top