По драмата дека може да биде сменет, конечно, денеска првите луѓе на Фудбалскиот сојуз на Македонија и Игор Ангеловски – Мрме постигнаа договор за продолжување на соработката.
Тој ќе остане селектор и ќе ја води Македонија на Европското првенство откако денес само начелно беа договорени некои од условите. Официјално, потписот се очекува да се случи во наредните денови.
Изминатиот период медиумите наголемо пишуваа за сагата за новото име на тренер на репрезентацијата на Македонија и за иднината на Игор Ангеловски.
Иако во јавноста се ширеа и разни шпекулации, од ФФМ за „Репортер“ ни кажаа дека немаат намера да преговараат со никого сè додека не седнат на маса со Мрме.
И самиот Ангеловски јавно рече дека ќе ги прифати сите услови, само да ја води Македонија онаму каде што ја однесе првпат.
Македонија под негово водство на 45. средби има најдобар скор. Со него „црвено-жолтите“ имаат 20 победи, 10 нерешени и 15 порази, што го прави најуспешен селектор во историјата.
Фудбалерите во моментот се подготвуваат за претстојните два евроквалификациски предизвика со Полска (7 јуни) и со Австрија (10 јуни), двете во Скопје.
Од понеделник репрезентацијата ќе биде комплетна и ќе ја има завршната фаза од погдотовките за ЕП. Македонија на Европското првенство се наоѓа во група со Австрија, Украина и Холандија.