Почина легендарниот хрватски ракометар Златко Сарачевиќ

егендарниот хрватски ракометар и тренер на „Подравка“, Златко Сарачевиќ, почина на 60 години од срцев удар. Нему му се слошило веднаш по завршувањето на денешниот натпревар со „Локомотива“ во Копривница, па тој веднаш бил пренесен во болница, каде што починал.

Сарачевиќ е роден  1961 година во Бања Лука, каде што и ја почна ракометната кариера во „Борац“. Стана еден од најдобрите југословенски ракометари на својата генерација. По десет години во „Борац“, се пресели во „Медвешчак“ од Загреб, по што играше во неколку француски клуба, па во „Загреб“ и „Фотекс Веспрем“. Играчката кариера ја заврши во 2003 година.

Со Југославија беше светски шампион во 1986 и освои бронза на Олимпијадата во Сеул две години подоцна. Со „Загреб“ двапати беше европски првак, а со Хрватска стана олимписки шампион во 1996 година во Атланта.

Scroll to Top