Легендарниот италијански фудбалер Паоло Роси почина на 64 години. Тој ги предводеше „аѕурите“ до титулата на Светското првенство во 1982. Семејството не ја откри причината за смртта, а италијанските медиуми објавија дека тој долго време боледувал.
Она што Марадона беше за Аргентина на мундијалот во 1986, тоа беше Роси за Италија . Роси беше и најдобриот стрелец на првенството со шест гола вклучувајќи го хет-трикот против фаворитот Бразил. Во 1980 доби тригодишна суспензија од фудбалот поради наводна вмешаност во скандал со местење натпревари, што тој го негира. Казната потоа му беше намалена на две години и се врати на теренот два месеца пред почетокот на мундијалот. Кариерата ја помина во Италија. Овои две титули во Серија А со Јувентус, а во 1982 година му беше доделена „Златна топка“ за најдобар фудбалер во Европа.