Почина најдобриот фудбалер на Сенегал, Папа Буба Диоп

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Сенегал, Папа Буба Диоп, почина вчера на 42 години. Медиумите во Англија пишуваат дека ексфудбалерот долг период боледувал од тешка болест.

Поранешниот фудбалер на Грасхоперс, Ленс, Фулам, Портсмут, АЕК Атина, Вест Хем и Бирмингем се прослави кога го постигна единствениот гол за победата на Сенегал против Франција на Светското првенство во 2002 година.

Диоп од 2001 до 2008 година беше дел од репрезентацијата на Сенегал, а одигра 63 натпревари и постигна 11 гола.

Фудбалската кариера ја заврши во 2013 година во дресот на Бирмингем Сити.

Scroll to Top