Поранешниот играч на Манчестер Јунајтер, Рио Фердинанд стана татко

By

Поранениот играч на Манчестер Јунајтед, 42. годишниот Рио Фердинанд и неговата сопруга Кејт Врајт го добија своето прво дете, пренесува „Дејли Стар“.

Ова за Рио е четврто дете, затоа што од претходниот брак со сопругата Ребека, која почина во 2015 година, по борбата со ракот на дојката, има три деца.

Двојката сè уште го нема откриено името на бебето, а двајцата велат дека беа нетрпеливи до последен момент. Кејт на „Инстаграм“ сподели и видео на кое таа и Фердинанд им порачаа на децата дека наскоро ќе добијат братче.

„Оваа луда куќа наскоро ќе стане уште полуда. Секој пат кога ќе ја видам оваа снимка, плачам. Бебенце многу ќе се радуваме кога ќе те запознаеме“, напиша Кејт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Ferdinand (@xkateferdinand)

Ќе ви се допадне