Скијачката Линдзи Вон, за многумина најдобрата скијачка на сите времиња, и хокеарот П.К. Субан ја раскинаа веридбата на Нова година. Тие се запознале пред околу три години, а во врска беа од во 2018 година. Лани во август објавија дека се вериле.
„Во последните три години ПК и јас доживеавме неверојатни моменти заедно. Тој е прекрасен и добар човек и некој што многу го почитувам. Сепак, по многу размислување, решивме да одиме напред одделно. Ние секогаш ќе останеме пријатели и ќе се сакаме неизмерно“, напиша Вон на „Инстаграм“.
Дефанзивецот на Ѓаволите од Њу Џерси исто така ги информираше своите следбеници дека парот повеќе не е во врска и истакна дека тие секогаш ќе го ценат заедничкото време.
Вон (36) се повлече од професионалното скијање минатата година. Таа ја заврши кариерата со 82 победи на Светскиот куп, што е за 20 повеќе од следната најдобра скијачка, Анемари Мозер-Прел од Австрија, а само шведската легенда Ингемар Стенмарк има повеќе победи од неа.
Субан, по потекло од Торонто, важи за еден од најдобрите дефанзивци во НХЛ, пренесува Си-Ен-Ен.
Вон беше во брак со американскиот скијач Томас Вон, а привлече големо внимание и кога беше во врска со Тајгер Вудс.