„Спортинг“ го казни Стефан Ристовски, македонскиот фудбалер ќе игра во вториот тим

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е префрлен во вториот тим на „Спортинг“, бидејќи одби трансфер и реши да остане во Лисабон, па клубот го казни. Португалскиот клуб сакаше да го даде десниот бек на позајмица во „Динамо Москва“ на една година, но тој одби да замине, па сега ќе тренира со вториот тим и нема да игра на натпреварите.

Ристовски во следниот период ќе тренира заедно со членот на македонскиот национален тим до 21 година, Димитар Митровски. Во вториот тим е префрлен и Рафаел Камачо, кој одби трансфер во „Динамо Загреб“.

Според фудбалските експерти, неиграњето на Ристовски во португалското првенство ќе биде голем проблем за селекторот Игор Ангеловски, оти во ноемврискиот репрезентрацијата ќе игра со Грузија во Тбилиси за пласман на ЕП2021. Ристовски е главен на десната бековска позиција и за него селекторот нема замена.

Scroll to Top