(Видео) Фудбалерите на Наполи носеа дресови со бројот 10 во чест на Марадона

Фудбалерите на Наполи облекоа дресови со бројот 10 пред почетокот на натпреварот со Ријека, што се одигра вчеравечер во Неапол. Тие со минута молк му оддадоа почит на нивниот поранешен играч, Диего Армандо Марадона, кој почина пред два дена од срцев удар.

Управата на клубот најави дека стадионот на кој игра Наполи ќе го смени името и ќе се вика „Марадона“, по најголемата ѕвезда што играла за нив.

Иистовремено, и во цел Неапол се организираа многубројни настани, со кои му се оддава почит на Марадона, а фановите се собраа околу стадионот на кој тој играше.

За потсетување, еден од најдобрите фудбалери во историјата почина на 60 години од срцев удар во својот дом во Аргентина. Неколку недели претходно тој имаше успешна операција на мозокот кога му беше изваден хематом.

Фановите од целиот свет два дена му оддаваат почит на легендарниот фудбалер, а илјадници илјади луѓе поминаа во претседателската палата во Буенос Аирен, во која е положено телото на Марадона, за да се простат последен пат од него пред да биде погребан.

Scroll to Top