(Видео) Ибрахимовиќ среде улица прими награда за најлош фудбалер

Откако минатиот викенд Милан загуби од Интер во градското дерби со 3:0, Ибрахимовиќ беше прогласен за најлош фудбалер на натпреварот. При резултат 1:0 тој имаше две шанси, но не даде гол. Затоа, по крајот на натпреварот новинарот Валерио Стафели среде улица му ја додели наградата „Златен тапир“. Станува збор за награда која ја добиваат тренери или фудбалери што потфрлиле во Серија А.

Scroll to Top