(Видео) Кире Лазаров најдобар во првите две кола од квалификациите за ЕП 2022

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е најдобар играч во првите две кола од квалификациите за ЕП 2022, одлучи ЕХФ. Европската ракометна федерација го прогласи 40-годишниот Лазаров за МВП на натпреварите што се играа минатата недела.

„Годините не влијаат на кралот на ракометот. Кирил Лазаров МВП во квалификациите за ЕП 2022“, напишаа од ЕХФ на „Твитер“.

Лазаров на првите два напревара постигна 17 гола, 11 гола против Финска и шест против Швајцарија. Со вкупно 17 постигнати погодоци, Кире е најефикасен по две кола заедно со Финецот Гранлунд.

Лазараов е најзаслужниот поединец за двете победи на Македонија, против Финска со 33:24 и против Шајцарија со 25:23.

Scroll to Top