(Видео) „Кока-Кола“ изгуби 4 милијарди долари откако Роналдо ги тргна шишињата на прес

Светскиот бренд „Кока-Кола“ изгуби 4 милијарди долари на берзата откако Кристијано Роналдо на прес-конференција пред натпреварот со Унгарија ги тргна шишињата со газираниот пијалак и пред себе стави вода.

„Пијте вода“, рече капитенот на Португатлија пред новинарите.

Падот на акциите на „Кока-Кола“ е најголем во 2021 година. Вредноста на брендот „Кока-Кола“ се проценува на 242 милијарди долари.

За потсетување, Роналдо е голем перфекционист, па покрај тоа што вежба постојано, големо внимание посветува и на исхраната. Тој во едно интервју изјави дека не му дозволува на својот највозрасен син да пие сокови и чипсови.

Scroll to Top