(Видео) Македонија изгуби од Ерменија, останува во Лигата Ц

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 1-0 од Ерменија на натпреварот што вечерва се играше на Кипар. Единствениот гол го даде поранешниот фудбалер на Вардар, Хофханес Хамбарџумјан, во 55. минута. Со тоа остана на второто место, Лигата Ц, и не успеа да се пласира во Лигата Б. Во подобрата лига оди Ерменија, која е првопласирана со 11 бода.

Македонската репрезентација играше во ослабен состав кога некои од фудбалерите се вратија во матичните клубови, а други го откажаа настапот поради повреда. Селекторот Игор Ангеловски во текот на натпреварот направи неколку замени, но ни тоа не беше доволно за македонската репрезентација да постигне гол.

Следните квалификации ќе почнат да се играат в година во март.

Фото: Фудбалска репрезентација на Македонија

Scroll to Top