Еден месец по смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, неговата прва куќа е претворена во музеј. Таму секојдневно доаѓаат посетители кои сакаат да видат како живеел фудбалерот пред да стане славен. Музејот е отворен 2016 година, а го направил Алберто Перез, поранешниот менаџер на Аргентинос Јуниорс.
Куќата му била отстапена на Марадона и неговото семејство, како дел од договорот, што тој го потпишал 1976 со Аргентинос Јуниорс. Тука Марадона живеел две години и домот е во истата состојба како во 1978 година кога си заминал оттаму.
Перез куќата ја купил во 2008 година за околу 82.000 фунти од жена која живеела во неа од 1981 година. Потоа направил реплика на тоа како изгледал некогаш домот на Марадона. Во куќата е и стариот грамофон на кој Диего слушал музика во својата соба. Во музејот се наоѓа првиот договор со Аргентинос, кој го потпишал од неговиот татко.
Парите од влезниците за музејот ќе бидат вложени во обнова на куќата.
За потсетување, Марадона почина почина на 25 ноември од срцев удар. Неколку недели претходно тој имаше успешна операција на мозокот.