(Видео) Скијачот Томи Форд падна на трка во Швајцарија, итно е пренесен во болница

Американскиот скијач Томи Форд доживеа несреќа за време на велеслаломот што се возеше денес во Аделбоден, Швајцарија. Тој стартуваше четврти на патеката и пред крајот на трката падна на глава и ја изгуби свеста.

Трката беше прекината на околу 20 минути додека му се пружаше помош, по што Форд со хеликоптер беше пренесен во болница.

Scroll to Top