„Челичната Магнолија“ – адвокатката којашто ги разведе Дајана и Чарлс важи и за модна икона

Уште еден холивудски пар се разведува – Исла Фишер и Саша Барон Коен.

Актерката наводно стапила во контакт со Фиона Шеклтон, најдобрата британска адвокатка за развод, која исто така соработувала со ѕвезди од А-листата како Пол Макартни, Лијам Галагер и кралот Чарлс.

Фиона наводно ја советувала Исла дека таа и Саша, кои имаат предбрачен договор и три деца заедно, треба да се обидат за спогодбен развод. Британските медиуми пишуваат дека Исла и Саша би можеле да се обидат да постигнат договор за имотот на Саша од 40 милиони фунти.

„Исла знаеше извесно време дека бракот е завршен и по тешки разговори со Саша, таа донесе одлука да се консултира со адвокат за развод. Беше почетокот на летото 2022 година. Фиона Шеклтон ѝ беше препорачана со заеднички контакти. Фиона е неверојатна адвокатка, крајно добра“, изјавил извор за The Sun.

Бароницата Фиона Шеклтон е англиска адвокатка која ги застапувала членовите на британското кралско семејство и познати личности. Поради нејзиниот шарм и одлучност го доби прекарот Челична Магнолија. Британските медиуми пишуваат дека Фиона за своите правни услуги наплаќа 550 долари на час.

Таа е родена во Лондон, а дипломирала право на Универзитетот во Ексетер. Во јули 2010 година и беше доделена почесна диплома за доктор по правни науки на Универзитетот во Ексетер. Во истата година, кралицата и го додели статусот на бароница од Белгравија.

Нејзиниот прв случај од висок профил беа војводата и војвотката од Јорк, кои се разведоа во 1996 година. Следниот случај беше принцот и принцезата од Велс каде што таа го претставуваше принцот Чарлс, кој сега е крал.

Истиот ден кога Бакингемската палата и објави на јавноста дека принцот и принцезата постигнале спогодба, кралицата издаде писмо за регулирање на титулите на поранешните кралски членови по разводот. Според него, Дијана ја изгуби титулата кралско височество.

Следеа разводи на славните, во кои таа ги застапуваше Пол Макартни, Клер Мери, Елис Феј, принцезата Хаја бинт Хусеин…

Разводот на Пол Макартни и Хедер Милс беше многу скандалозен. Милс ја опиша Шеклтон на овој начин за време на интервјуто со Лери Кинг: „Има една гадна жена – Фиона Шеклтон. Таа сака да одвлекува што е можно подолго за да ги наполни сопствените џебови и кажа неколку прилично непријатни работи“.

На последното рочиште за спогодување, Милс истури бокал вода над главата на Фиона.

Бароницата Шеклтон стана позната и по нејзината смела смисла за мода која не е секогаш во согласност со упатствата на Адвокатскиот совет и Правното друштво, кои нагласуваат дека треба да се носат деловни костуми.

Разиграните модни комбинации го омекнуваат нејзиниот имиџ, поради што многу противници можеби ќе ја потценат. Но, тие се всушност паметен ПР трик и гарантираат дека сите погледи се вперени во неа.

Scroll to Top