Холивудската актерка Анџелина Џоли (50) позираше на црвениот тепих за време на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан и повторно ја покажа целата своја моќ.
Сè повеќе ја гледаме Анџелина во едноставни, но моќни креации кои ве оставаат без здив, а се чини дека црната е нејзината омилена боја.
Актерката позираше во долг црн фустан кој „зрачи“ со елеганција, додека V-деколтето придонесе целиот нејзин аутфит да биде погламурозен. Нејзината моќ лежи во едноставноста, па Анџелина на сè додаде само еден пар обетки и впечатлив прстен.
Црните салонки со светки околу работ беа малку видливи под фустанот, а како и обично, нејзината шминка беше речиси невидлива. Анџелина се одлучи за неутрални тонови на очите и усните, а косата ја остави лежерно спуштена.
Ова нејзино појавување доаѓа и по веста дека актерката планира да ја продаде својата куќа во Лос Анџелес и што поскоро да се пресели на друга адреса.
Очигледно, никогаш не ѝ се допаднало да живее во тој град, но морала поради заедничкото старателство над нејзините деца со Бред Пит.
фото: принтскрин