(Фото) Која позната дама доминираше на САГ наградите

Некои од најголемите холивудски ѕвезди се собраа синоќа на доделувањето на филмските награди SAG во Лос Анџелес. Актерите се прошетаа на црвениот тепих во гламурозни креации на познати дизајнери, а вечерта ја одбележаа и добитниците на престижни награди.

Деми Мур ја доби наградата за најдобра главна женска улога, додека Зои Салдања ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.

На црвениот тепих блеснаа и бројни познати дами, меѓу кои Аријана Гранде, Мајли Медисон и Селена Гомез.

Особено внимание привлече Памела Андерсон, која уште еднаш остана доследна на својот природен изглед и се појави без шминка во елегантен бел фустан. На церемонијата се појавија и ѕвездите од хит серијата Бриџертон.

Scroll to Top