Нејмар во розово пристигна на премиерата за филмот „Барби“

Бразилскиот фудбалер Нејмар облечен во розов сјатлинг беше дел од премиерата на моментални најпопуларниот филм во кината „Барби“.

Филмот е на режисерката Грета Гервиг, во кој главната улога ја толкува Маргот Роби, заедно со Кен, кој го игра Рајан Гослинг.

За фудбалерот на Пари Сен Жермен во последно време повеќе се пишува за неговите авантури отколку за успесите во фудбалот. На почетокот на оваа година Нејмар изгуби милион евра на покер, а на коцката не одолеа ниту по освојувањето на францускиот шампионат. По тој повод наместо да ја прослави титулата со соиграчите, тој замина во Монте Карло да се коцка.

Scroll to Top