Сопругата на шеикот од Катар е модна икона во арапскиот свет

Моза бин Насер, сопругата на шеикот Хамад Калифа Ал Тани, важи за една од најубавите сопруги на арапските шеици. Таа има 63 години, мајка е на седум деца и втора сопруга на поранешниот емир на Катар.

Покрај тоа што се занимава со политика и има голем број меѓународни позиции, Моза ја носи титулата модна кралица. Нејзиниот стајлинг беше забележан и на отворањето на Светското првенство во Катар. Колку таа ги поместува границите на модата во арапскиот свет докажува официјалната потврда во 2015 година, кога беше примена во Меѓународната куќа на најдобро облечените жени во светот. Таа се појави во стајлинг кој е потпис на луксузниот бренд Прада. Покрај шалот кој е карактеристичен за жените од арапскиот свет, Моза носеше долг бордо фустан кој ја следеше линијата на телото.

Над неа носеше кафена наметка, а големо внимание привлече ефектниот детал на рамото – светкавиот брош кој ја направи целата комбинација елегантна. Моза овој стајлинг го спои со кожни салонки и брендирана кожна чанта изработена од истиот материјал. Што се однесува до шминката, карминот во истата нијанса придонесе Моза уште еднаш да ја оправда титулата.

Овој стајлинг многумина потсети на оние што ги носеше во декември 2010 година кога во Цирих беше откриено дека Катар ќе биде домаќин на ова првенство. Да потсетиме дека Моза важи за образована жена која се противи на полигамијата и семејното насилство. Има почесни докторати од реномирани универзитети. Се омажила на 18 години, додека студирала на Универзитетот во Катар, каде подоцна дипломирала социологија. Станувајќи втора сопруга на шеикот, таа стана и прва дама на Катар. Шеикот Хамад ја поддржува сопругата во сите сфери, толку многу што на разни настани можат да се видат во координирани модни комбинации. Моза никогаш не носи високи потпетици, за да не биде повисока од нејзиниот сопру, а со тоа и да го навреди.

 

Scroll to Top