Тејлор Свиф облече син фустан од 12.000 долари за премиерата на нејзиниот концертен филм во Лос Анџелес

Тејлор Свифт на црвениот тепих во Лос Анцелес каде беше премеирата на нејзиниот филм за светската концертната турнеја „Ерас“ се појави во долг син фустан, дизјанерско парче на Оскар де ла Рента. Долгиот фустан  чини 11.990 долари, а Тејлор го дополни со класичен дијамантски ѓердан.

Тејлор имаше црвен кармин на усните, а светло сината сенка за очи совршено се совпаѓаше со величествениот фустан. Нејзината коса беше извиткана во меки бранови.

Во август, среде нејзиниот настап, пејачката најави повторно снимање на „1989 (Taylor’s Version)“ со серија сини костими кои потсетуваат на бојата на нејзиниот фустан.

Иако веќе некое време се шпекулира за врска помеѓу фудбалерот Тревис Келче и Тејлор, тој синоќа не беше на настанот Ерас тур.

Трговскиот центар Гроув беше затворен за прв пат по 20 години за да биде домаќин на овој луксузен настан, а според пишувањата на медиумите, биле ангажирани стотици чувари за да држат се под контрола.

Пред да дебитира во кината, „Eras Tour“ на Свифт влезе во историјата како најпродаван филмски концерт на сите времиња, со заработка од 100 милиони долари однапред од продажба на билети ширум светот, според Variety.

Откако ѕвездата од турнејата Ерас отпеа на сите американските концерти, во ноември оди на серија настапи во Латинска Америка, по што следуваат настапи во Азија, Австралија и Европа, како и дополнителни термини во САД и Канада закажани за есента 2024 година.

За време на нејзината досегашна турнеја, Свифт ги воодушеви обожавателите со серија облеки кои ги слават нејзините многубројни стилски епохи.

Scroll to Top