(Видео) Ја скрати косата, а потоа го облече најкраткиот фустан: Сидни Свини повторно ги привлече сите погледи

Актерката Сидни Свини веќе некое време е во фокусот на јавноста. Таа неодамна го шокираше светот со својата неверојатна трансформација, а сега најде начин повторно да ја воодушеви јавноста на филмскиот фестивал SCAD Savannah во Џорџија.

Се чини дека нејзината филмска кариера само се подобрува, бидејќи доби награда за улогата во биографскиот филм „Кристи“. За оваа посебна вечер, таа одлучи да носи асиметричен бел мини фустан кој ја нагласува нејзината витка фигура, како и долгите нозе.

Креацијата од дизајнерката Стела Мекартни и уникатно прикажува ново поглавје во животот на младата актерка. Својот стајлинг го комплетираше со бели чевли, но и шминка во нежни тонови кои ја истакнуваа нејзината природна убавина.

Покрај бројните прашања во врска со нејзината филмска работа, Сидни одговори и на оние поврзани со пластичната хирургија. Таа нагласи дека не е заинтересирана за козметички процедури и дека се плаши од игли. Затоа, нема намера да го менува својот природен изглед.

Како што вели, сака да старее природно.

фото: принтскрин

Scroll to Top