(Видео) Новата колекција на „Гучи“ ја промовираа 68 пара идентични близнаци

Светскиот бренд „Гучи“ ја промовираше новата колекција пролет/лето 2023 на модната недела во Милано. На ревијата „Гучи“ ангажираше 68 пара идентични близнаци кои ги претставија моделите од колекцијата наречена „Твинсбург“.

Секој пар близнаци на сцена се појавил независно, одвоени во ѕид од огледала во средина и оделе по пистата во исти модели. Пред почетокот на ревијата директорот на „Гучи“ Алесандро Микеле најавил дека колекцијата ја посветува на неговата мајка Ералда и нејзината сестра близначка Џулијана.

„Две извонредни жени кои своето сестринство го одбележаа со конечен печат. Живееја во исто тело. Исто се облекуваа и чешлаа“, рекол тој.

Ревијата била подготвувана со месеци и од модната куќа вложиле голем напори за да пронајдат 68 пара идентични близнаци кои ќе прифатат да ги носат моделите.

Scroll to Top