109-годишна старица ја открила тајната на долговечноста

Џеси Галан, која беше една од најстарите жени во светот, почина 2015 година на 109-годишна возраст. На прашањето која е тајната на долговечноста, таа неколкупати рекла дека одговорот е едноставен – ги избегнувала мажите.

Џеси никогаш не била во брак, родена е во мала колиба со две соби, а како дете спиела во соба со петте сестри и едниот брат.

„Секогаш бев понастрана од мажите бидејќи тие носат повеќе зло отколку добро. Освен тоа многу вежбав, се хранев здраво и никогаш не се омажив“, рекла Џеси за шкотските медиуми.

Според едно истражување во САД, тајната на стогодишниците е во тоа што многу се дружат со пријателите и членовите на семејството, но и вежбаат редовно.

Scroll to Top